Снимката на возачот на автобус од Норвешка, кој мислел дека е сам во возилото, стана хит на социјалните мрежи.
Возачот на автобусот околу Берген мислел дека е сам во автобусот па се опуштил и почнал да пее. Тој немал претстава дека еден од патниците го снима. Околу видеото се кренало голема прашина и истото предизвикало голема смеа.
Многумина луѓе на социјалните мрежи напишале дека многу би сакале да ја видат реакцијата на возачот веднаш штом сфатил дека не е сам. Тој за норвешкиот VG рекол дека ја пеел песната на Еминем кога го слушнал ѕвончето, односно кога сфатил дека некој е сè уште со него, па престанал да пее.
Видеото можете да го погледнете ТУКА