Хокинг: „ Алчноста најлошата страна на човештвото, ќе ја уништи цивилизацијата“

ИЗВОРСкопје24
|

Животната приказна на Хокинг претставува инспирација за многумина денес. Во продолжение се сеќаваме на неговите најдобри изреки.

„Имам забележано дека дури и луѓето кои тврдат дека сè е претходно одредено и дека не можеме да сториме ништо за да го спречиме погледнуваат на двете страни пред да поминат улица.“

„Најголемите достигнувања на човештвото се постигнати со зборување, а најголемите неуспеси со одбегнувањето на разговорот. Не мора да биде вака. Нашите најголеми надежи може да станат реалност во иднината. Со технологијата која ја имаме, можностите се неограничени. Сè што треба да сториме е да продолжиме со зборување.“

„Интелигенцијата е способноста да се адаптирате на промена.“

„Алчноста, најлошата страна на човештвото, ќе ја уништи цивилизацијата.“

„Луѓето кои се фалат за своите коефинциенти на интелигенција се губитници.“

„Прво, запомни да гледаш нагоре кон ѕвездите, а не долу кон стапалата. Второ, никогаш не се откажувај од работата. Работата ти дава значење и цел, а животот е празен без тоа. Трето, доколку си доволно среќен да најдеш љубов, не заборавај дека е таму и не ја отфрлај.“

„Нема ништо добро во нервозата кога ќе заглавите. Јас мислам на проблемот но работам на нешто друго. Понекогаш минуваат години пред да го видам патот нанапред. Во случај на губење на информациите и црните дупки беа 29 години.“

„Следниот пат кога некој ќе се пожали дека сте направиле грешка, кажете им дека тоа може да биде добро. Бидејќи без несовршеностите, ниту јас ниту ти би постоеле.“

„Јас сум само дете кое никогаш не пораснало. Сè уште поставувам прашања за зошто и како. Повремено наоѓам и одговор.“

„Обидете се да сфатите што гледате и да се прашувате зошто постои универзумот. Бидете љубопитни и колку и да изгледа тежок животот, секогаш има нешто што може да правите и да успеете во истото. Битно е да не се откажувате.“

„Жалењето за мојот хендикеп е губење време. Секој треба да продолжи со животот, а јас не продолжив лошо. Луѓето нема да имаат време за вас доколку секогаш сте лути и се жалите.“

„Зачувувањето на активниот ум беше витално за моето преживување, како и зачувувањето на смислата за хумор.“

„Имам толку многу работи што сакам да ги направам. Мразам губење време.“