ХОЛИВУД ЈА УКРАДЕ „ЗАЈДИ, ЗАЈДИ“: За филмот „300“, македонската антологиска песна присвоена од холивудски автор

ИЗВОРНов лист
|

Сигурно сте го гледале холивудскиот спектакл „300“ од 2006 година, посветен на тристате храбри Спартанци, кои ѝ се спротивставиле на Персија, но дали сте забележале дека во сцената кога на кралицата Горго, (ја игра Лејна Хеди) ѝ соопштуваат дека загинал нејзниниот сопруг, кралот Леонид (Џерард Батлер)? Мелодијата во заднина е токму македонската „Зајди, зајди“.

Нумерата е потпишана како авторска, а автор на „300- Message for the Queen“ е Тилер Бејтс.

„Зајди, зајди, јасно сонце“ е популарна македонска песна во народен стил која во недамнешно време здобива популарност низ целиот Балкан. Во последните шеесет години, песната станува една од песните што жителите на поранешната Југославија највеќе ја поврзуваат со Република Македонија. Песната не е народна, туку во авторство на истакнатиот изведувач Александар Сариевски.

За песната Сариевски во една прилика вели: „Песната „Зајди, зајди, јасно сонце“ настана по примерот на народната „Чернеј горо, чернеј сестро“. Слушајќи ја таа песна и пеејќи ја понекогаш, од мене произлезе идеја да направам нешто слично по содржина, но со сосема друга мелодија. Така, полека ја испеав песната, која што набргу стана многу популарна секаде каде што ја пеев. Таа песна мене ми значи многу зашто ја прифатија многу луѓе што се занимаваат со народната музика, но пред сè многу ми значи што ја прифати народот. Секогаш кога некаде ќе настапев мислам дека секој од присутните очекуваш оваа песна да ја испеам“.