Холивудскиот актер Кевин Спејси со ајвар и жолта ракија ужива на Балканот – погледнете кој му прави друштво

|

Популарниот американски актер Кевин Спејси го “уловиле“ во некој од рестораните, а Ѓорѓе Ѓоковиќ меѓу другото му правел друштво заедно со прекрасната балканска храна и пијалаци.

Кевин и братот на тенисерот број еден во светот Новак Ѓоковиќ, зборувале за хуманитарни работи, додека Спејси уживал во ајвар и чорби.

Популарниот американски актер пиел жолта ракија и кисела вода, и изгледа дека ова машко друштво и тоа како се опуштило и не внимавало на погледите кои им биле упатувани од страна на луѓето кои биле во локалот.

Меѓутоа, по одредено време ги спуштиле ролетните од ресторанот за да не го фотографираат Кевин.

Ѓорѓе и Кевин го спомнале и Новак и неговите навики за исхрана додека сите кои биле на масата разговарале за работа, филмови и други интересни теми.