Maж кој денеска ја застрелал сопругата во Градачац, Босна и Херцеговина, грозоморниот чин го емитувал во живо на Инстаграм, пренесоа локалните медиуми. Тој ѝ е познат на полицијата и се работи за Нермин Сулејмановиќ, бодибилдер и фитнес тренер.
Видеото е е вознемирувачко, а во него се гледа како ја застрела сопругата со пиштол, крв има насекаде и се гледа бебе кое лежи на плочките.
Видеото нема да го објавиме бидејќи е многу вознемирувачко.
– Овде во живо можете да видите како изгледа убиство – вели убиецот.
Откако го извршил сето ова, тој уште неколку пати се огласи на социјалните мрежи.
„Го убив таткото и синот. Господ знае како налетаа на мене. Убив жена и двајца непријатели. Се надевам дека го убив и полицаецот. Бебето е живо“, вели тој во видеото што повторно го објави во живо.