Хороскоп и лото: Дознајте кои броеви ви носат среќа

ИЗВОРСкопје24
|

Какви се вашите шанси да освоите лотарија? Хороскопот може да ви помогне да дознаете кој е вашиот среќен ден и кои броеви можат да ви донесат среќа.

Овен

Овновите сакаат да играат игри на среќа и лотаријата не е исклучок. Тие ќе го пополнат своето ливче во вторник, бидејќи тоа е нивен среќен ден. Ги одбираат броевите безгрижно, оние што ќе им дојдат на памет. Тоа обично е нивната дата на раѓање или бројот на буквата во нивното име. Тие секогаш ќе го одберат број 1. Бројот еден, може исто така да биде дел од броевите 11, 21, 31. Тие нема да ги повторат броевите од не-добитното ливче.

Бик

Бикот сака да победи, но, всушност, не смета на тоа. Во моментот кога го пополнуваат ливчето, Биковите сметаат дека ги вложиле парите во губиток. Бројот 13 нема да им донесе среќа, но се смета дека 25 зрачи со сила. Речиси секогаш го вклучува неговиот/нејзиниот број на куќата, а ако е многу мал или голем број, Бикот ќе го разгради. Броевите што ќе ги одберат често се исти од недела в недела, што ја докажува постојаноста на овој знак.

Близнаци

Лотариите и игрите на среќа се возбудливи, така што Близнаците сигурно ќе учествуваат. Броевите за кои ќе се определат обично се оние од сметката од супермаркетот. Тие ќе додадат, поделат, одземат и помножат. Сепак, Близнаците остануваат лојални на еден број – 2. Овој број во разни комбинации е секогаш на нивната страна. Љубителите на фудбалот можат да играат на „двојка“.

Рак

Ракот не верува во добитоци на лотарија, но сепак ќе пополни свое ливче. И покрај неверувањето, тој има план како да ја потроши евентуалната награда. Тој/таа одбира броеви од датата на своето раѓање на своите партнери, деца, родители и пријатели. Некои броеви се делат на делови, на пример, ако оди на 214 км долг пат Ракот ги одбира броевите 2 и 14.

Лав

Лавот е среќен, па зошто не би бил среќен кога е во прашање лотаријата? Кога Лавот го пополнува ливчето, тој тоа го прави со „своите“ броеви: неговата дата на раѓање, неговите регистарски таблички, неговиот број на облека, својата висина… Среќни броеви на Лавовите се 3, 33, 7 и 35. Ако се одлучат за бројот 13, или е во прашање грешка или нешто интересно се случило на тој ден.

Девица

Девиците не веруваат во среќата, но ќе го пополнат лото ливчето. Девиците тоа го прават повремено, но систематски. Тие логично и методички, постојано трагаат по броевите. Тие претпоставуваат дека дури и повеќето ретко извлечени броеви, мора да се појават еднаш. Бројот 4 мора да биде меѓу нив. Девицата не брза, ако оди на одмор или на долг пат, таа ќе го пополни своето ливче неколку недели однапред. Девиците се добродушни и нема да им смета ако изгубат. Ги советуваме Девиците да го користат својот среќен број 4 во разни комбинации.

Вага

Луѓето родени во знакот на Вага сакаат да живеат на висока нога, но се свесни дека тоа не е секогаш можно. Тие не сакаат да позајмуваат пари. Тоа можеби е причина зошто играат игри на среќа обидувајќи се да добијат нешто. Вагите одбираат броеви кои изгледаат убаво и хармонично кога се запишани. Вагите мислат дека броевите 11, 22 и 44 се убави броеви, така што обично и се појавуваат на нивните ливчиња. Вагите имаат свој таен начин на одбирање на лото броевите, на пример, бројот на ливчиња на билката во својата соба. Или износот кој е платен за подарокот на саканата личност.

Шкорпија

Шкорпиите сакаат да знаат и мислат дека треба да бидат меѓу оние кои победуваат. Тие се алчни, па еден или повремен добиток нема да ги задоволи. Всушност, тие сакаат секој тикет или ливче да биде победничко. Тие одбираат броеви кои никој друг не ги одбрал порано и мислат дека секогаш ги очекува голем добиток. Шкорпиите ќе ги запишат 4 и 5, или 19 и 21, бидејќи наводно, никој друг тоа не го прави. Бројот 7 мора да биде на нивното ливче, така што да им олесни да одберат други броеви. Тие не се двоумат да одберат броеви кои „носат несреќа“, како што се 13 или 7. Тие, од инат, ќе гу запишат сите броеви од 7 до 13.

Стрелец

Стрелецот често добива на лотарија, а кога ќе изгубат, ним тоа не им пречи. Тие мислат дека секој број на ливчето мора да има некоја смисла. Тоа се речиси секогаш броеви кои ја одбележала историја на некој начин: датата на голема битка, или на раѓањето некои големи важни историски датуми. Стрелецот често го користи бројот 9. Тие исто така користат броеви кои претставуваат значајни случки во животот, како што е датумот на нивниот прв бакнеж, или датумот кога тргнале во училиштето. Тие мислат дека тие броеви треба да им донесат среќа.

Јарец

Луѓето родени во овој знак обично се многу рационални. Јарецот знае кога е вистинското време и кога шансите не се во нивна корист. Сепак, тие ќе го пополнат тикетот внимателно. Тие ги одбираат броевите коишто нешто значат во науката, на пример, висината на планината, длабочината на морето итн. Тие исто така ќе ја земат својата висина предвид, но тоа нема да биде голем број, бидејќи Јарците обично не се многу високи.

Водолија

Водолиите мислат дека секој кога-тогаш ќе добие на лотарија. Значи, тие ќе го пополнат тикетот ексцентрично. Тоа е она што се тие. Тие ќе ги одберат броевите по случајност. Понекогаш тоа ќе биде времето или датата која нешто значи за нив. Тие нема да го одберат истиот број повеќе пати, бидејќи тоа е здодевно и неинвентивно. Тие сакаат да го пресметуваат бројот на скалите во својот дом или да замолат некого да каже некој број. Значи, тие ќе го пополнат тикетот брзо и лесно и ќе ја чекаат наградата.

Риба

Тие се надеваат дека ќе победат на лотарија, но тие не знаат што би правеле со добитокот. Рибите се суеверни, кога е во прашање среќата. Кој број ќе го изберат? Оној кој им донел среќа и порано, секако. Тие ќе ја изберат датата кога добиле работа, на пример. Рибите поединци обично сонуваат за броевите и ги запишуваат кога ќе се разбудат.