Хороскоп: Кој ќе биде најдобриот ден од 2021 за вашиот знак?

ИЗВОРНов Лист
|

Со големо влијание на ретроградните планети и трансформативната енергија на Плутон, 2020 година беше вистински хаос за сите нас. Добрите вести се дека 2021 година носи подобра енергија.

Овен – 15 април

На 15 април, Сонцето навлегува во вашиот знак истовремено правејќи секстил со Јупитер во Водолија и Марс во Близнаци. Тоа создава неверојатна енергија која е позната како триаголник на малиот талент. На овој ден имате прекрасна можност да откриете нова вештина или хоби, или пак да започнете партнерство од кое многу ќе научите. Добивате шанса (еднаш во животот) да ја откриете својата мисија и можност да ги исполните своите најголеми цели.

Ако имате големи планови и желби, почекајте до овој ден за нивно остварување.

Бик – 8 мај

Мај е ваш месец. Вие сакате убави, фини нешта и 2021 година ќе биде период кога особено ќе се фокусирате на своите материјални задоволства. Тогаш, вашата владејачка планета Венера е во среќна комбинација со Јупитер и тоа ви носи убави подароци. Ова може да е ден кога ќе се соочите со изобилство или пак мноштво можности што ќе ви дојде одлично по тешката 2020.

Близнаци – 28 мај

Каков и да е светот тогаш, ова е совршен ден за да се поврзете со другите и да уживате во животот. Одлична можност за социјализирање, нешто што вие го обожавате и за размена на идеи со пријателите. Ако условите го дозволуваат тоа, можете да организирате и кратко патување – авантура со пријателите.

Рак – 23 јуни

Раковите го сакаат домот, така што оваа година карантинот не им доаѓа така тешко. Целиот јуни ќе биде убав месец за овој знак, но 23 јуни е посебен ден кога ве очекува изобилство на среќа. Ако ви е потребна авантура, можете да заминете на јога патувње или пак да уживате во домот со убави јадења и слатка атмосфера со оние кои ги сакате.

Лав – 13 јули

Од сите знаци, на Лавовите им е најтешко во карантин. За среќа, работите малку ќе се сменат следната година и Лавовите ќе можат да се поврзат полесно со другите. Венера и Марс се поврзуваат заедно на 13 јули, овозможувајќи им на Лавовите да блеснат во сиот свој сјај. Без оглед на тоа дали станува збор за љубовно партнерство или проект кој сакате да го остварите, ова е особено среќен ден за вас. Почнува нов животен циклус за вас.

Девица – 18 август

Ова е ден кога вашата владејачка планета Меркур се поврзува со други планети на небото, што ви носи можност да се чувствувате сигурно каде и да сте. Ќе добиете поддршка од важни фактори, а конечно и ќе се чувствувате како да сте го достигнале совршенството.

Вага – 6 септември

Вагите се еден од знаците кои највеќе уживаат да се заљубени, а овој ден носи многу можности за љубов. Без оглед на тоа дали е ден кога ќе ја сретнете љубовта на својот живот или ќе добиете понуда за брак, романсата е тука да ве направи среќни.

Шкорпија -18 ноември

Шкорпиите го сакаат сексот, а ова ќе биде одличен ден за уживање во страста и еротиката. Вашата владејачка планета е во својот дом во знакот на Шкорпија во опозиција со Уран, а неочекуваното е во седмата куќа на партнерства. Доаѓа неверојатна силна енергија. Ќе зрачите со сексуална магија и ќе освојувате сè околу себе, без оглед на тоа дали сте во врска или не.

Стрелец – 14 мај

Ова е среќен ден за сите со оглед на тоа дека Јупитер, планетата на среќата и изобилството влегува во Риби. Добивате позитивна поддршка од Месечината во Рак и на овој ден можете да постигнете што и да посакате, буквално сè.

Јарец-23 август

За Јарците, кариерата е најважното нешто во нивниот живот, а ова беше знакот кој работеше највредно и напорно за време на пандемијата. Затоа, овој ден носи можност за собирање на сите плодови. Венера е во десеттата куќа на кариера во тригон со Сатурн во вашата втора куќа на пари и ресурси. Тоа ви носи можност за промоција и зголемување на платата, како и поинакво унапредување на вашиот статус.

Водолија – 29 ноември

Водолиите се познати по своите брилијантни идеи, а овој ден е особено корисен за тоа. Тој носи магична моќ да се изразите и да бидете богато наградени поради тоа. Искористете го денот за да допрете до оние кои имаат моќ и покажете што умеете, без грам страв.

Риби – 3 јуни

Љубов, среќа и романса се во воздухот овој ден за вас, драги Риби. Ќе бидете како магнет за другите околу вас, а особено ќе бидат среќни оние Риби кои се во долгогодишна врска. Ова е одличен ден да излезете на љубовен состанок, да започнете проект кој одамна сте го планирале и да бидете среќни што поседувате храброст да го живеете животот по свое.