Понекогаш луѓето ги судиме врз основа на првиот впечаток, но неретко се случува тој впечаток да е погрешен.
Припадниците на овој хороскопски знак оставаат впечаток на ладни луѓе, а всушност се полни со нежност.
Станува збор за Девица, а тоа е знакот за кој луѓето имаат најмногу предрасуди. Припадниците на овој знак не сакаат отворено да ги покажуваат своите емоции, иако се многу нежни и чувствителни. Нивниот одбранбен механизам се заснова на контролирање на емоциите и се трудат пред светот да останат воздражни.
Девица е единствениот хороскопски знак чиј симбол е жената. По природа девиците се најчесто срамежливи, наивни, конзервативни и воздржани луѓе, кои уживаат во состојбата статус кво.
Девиците се независни луѓе кои умеат сами да си ги завршат своите работи. Често се самоанализираат и понекогаш имаат тешкотија да пронајдат мотивација. Поради тоа, потребен им е некој кој ќе им вели да не бидат толку строги спрема себе и ќе ги охрабрува да успеат во своите цели.
Девиците се грижат буквално за се. Загрижени се ако некаде задоцнат, ако им загорел оброкот или за сѐ што можеби заборавиле да купат од маркет. Родените во знакот девица се грижат буквално за секој детаљ од нивниот живот, без разлика дали тој е битен или небитен.
Нивната константна потреба за внимание и сигурност, мора да биде задоволена, за да можат емотивно да се отворат пред некого. Дури кога во некого ќе стекнат доверба, можат да ја покажат својата емотивна страна, а дотогаш се држат на дистанца.