Иако многу силни жени се припаднички на различни хороскопски знаци, припадниците на овој знак особено се издвојуваат.
Жените родени во знакот на Девица, ги имаат сите предиспозиции да бидат успешни во приватниот и деловниот живот.
Тие се многу храбри, полни со самодоверба и подготвени се без оглед на сè да ги остварат своите цели, а покрај тоа ги краси исклучителна меморија и интелигенција.
Девиците се големи перфекционисти и сакаат својот живот да го креираат токму онака како што ќе си замислат. Секогаш за сè имаат решение и затоа никогаш не се сомневаат во себеси.
Тие се прекрасни пријатели и се многу посветени. Сакаат да сослушуваат и да помагаат на секому, а ги одликува и висок степен на толеранција.
Способни се сè добро да организираат и никогаш не ги забораваат своите обврски и важни датуми. Покрај сите овие доблести, тие дефинитивно, без исклучок, се многу успешни жени.
Тактичноста е „уметност“ која ретко кој ја поседува. Жената родена во знакот Девица ќе „фрли“ око на нешто што во релативно краток рок ќе биде нејзино, бидејќи таа знае како да ги одигра нејзините карти. Исто така, тоа е и заради едноставната карактеристика со која жената во знакот Девица скоро секогаш знае како да го добие она што го сака.
Без разлика дали е во прашање роденден или годишнина, жената родена во овој знак тоа никогаш не го заборава. Таа е надарена со толку добро помнење што скоро сѐ што ќе види или чуе многу ретко го заборава.