Близнаците сакаат да се чувствуваат потребни, Девиците мислат дека секогаш знаат како да им помогнат на другите…
Риби
Човек би помислил дека овој чувствителен знак последен се меша во туѓите проблеми. Меѓутоа, сакаат да бидат дел од трачевите. Се појавуваат како уво кога ви требаат да ве ислушаат, но не се потпирајте на нивната таинственост.
Близнаци
Не можете да не ги сакате Близнаците заради нивната љубопитност. Иако се обично одлични пријатели, љубопитноста им се граничи со непотребно пикање на носот каде што не им е место. Претежно, тоа го прават затоа што сакаат сите да зависат од нив.
Девица
Овој знак посебно сака да им помага на другите, но Девиците често се први советници кога нешто правите погрешно, а последни кога треба да ве пофалат. Веруваат дека имаат дарба да ги решат сите проблеми на светот.
Стрелец
Ниту еден друг знак не е тврдоглав како Стрелецот. Иако мислат само добро, ќе откриете дека имаат толку цврсти ставови за работи кои не треба ни да ги интересираат, но спремни се на кавга. Сакаат да си ги коментираат гласно своите мислења и тука настанува проблем.