Овие хороскопски знаци имаат вродено чувство за елеганција, тврдат астролозите. Тоа се софистицирани личности кои не ја следат мдоата, туку она што нив им прилега го носат на посебен начин.
БИК
Биковите имаат доста самодоверба а тоа се гледа преку нивното облекување. На нив никогаш нема да видите екстравагантна и провокативна облека затоа што ним тоа не им е потребно. Тие привлекуваат со својата личност, па дури и да носат вреќа.
РАК
Раковите се достоинствени, зрели и одговорни. Таква е и гардеробата која не се истакнува со нападни и впечатливи бои туку се е умерено и со усогласен стил.
ДЕВИЦА
Девиците се интелигентни а за тоа сведочи и нивниот стил на облекување. Овој хороскопски знак има префинет моден вкус, знае да спои неспоиви парчиња и со своето облекување на привлече внимание каде и да се појави.
ВАГА
Вагите се облекуваат така да изгледаат неодоливо и шармантно. Сакаат да привлекуваат внимание но никогаш не го прават тоа на вулгарен и премногу експлицитен начин. Тие сакаат да бидат малку мистериозни.