Различни луѓе имаат различни реакции на тагата и на негативните чувства. Некои од нас не ја признаваат, додека некои тешко ја препознаваат а некои дури и стануваат деструктивни.
Еве кои знаци според хороскопот, најтешко ја поднесуваат состојбата кога се чувствуваат неволно и тажно.
ОВЕН
Кога е тажен, Овенот често излегува надвор. Понекогаш чувствува како да нема контрола над својот живот, па станува импулсивен, слеп од без, често не успева нити да остане истраен во секојдневните навики кои го одржуваат во нормала. Почнува да се спротивставува на се, но со помалку ентузијазам, правејќи се дека малите нешта повеќе не се важни.
РИБИ
Тагата и депресијата можат да имаат големо влијание на Рибите. Знак кој е познат по тоа што сака да излегува, се затвора во својот дом и се изолира од остатокот од светот. Обично завзема став дека е сам против сите што може да ги направи беспомошни кога ќе настапи депресијата. Ним иначе им недостига трпение и внимание, па кога се тажни тоа уште повеќе им исчезнува.
БЛИЗНАЦИ
Кога Близнаците се тажни, нивните мисли постојано лутаат и се преиспитуваат без престан. Се повлекуваат во себе и делуваат како да не се присутни наместо да се соочат со нештото кое ги мачи. Тие се интолерантни на тагата и се дистанцираат од своите чувства кога тоа е возможно.