Или се премногу слични, или премногу различни. Во секој случај, овие хороскопски знаци никако не успеваат во врска нити како пријатели.
ВАГА И ШКОРПИЈА
Шкорпиите се мистериозни и го имаат „она нешто“, со кое ги привлекуваат луѓето околу себе. Вагите се шармантни и љубезни, и лесно е да се разбере зошто сакаат да бидат пријатели со другите. Меѓутоа кога посесивната наклонетост на Шкорпијата ќе се вкрсти со добронамерната Вага, многу често се случува Вагата да биде искористена. Шкорпијата нема да ужива во отвореноста на Вагата. Веројатно е дека Вагата ќе доведе трет пријател а Шкорпијата ќе се чувствува како вишок. Најлошо од се е тоа што Вагата нема ни да разбере дека тоа му смета на Шкорпијата.
ОВЕН И РАК
И Овните и Раковите се доста грижливи пријатели, но до проблеми доаѓа поради брзата избувливост. Овенот може да каже нешто погрешно и да ги повреди нежните чувства на Ракот.
Овните се импулсивни додека Раковите се рационални. Со оглед на тоа што Раковите често не се толку спонтани колку нивниот пријател Овенот би сакал, и со оглед на тоа што и двата знаци сакаат да држат се под контрола, нивното пријателство е осудено на пропаст.
БИК И ЈАРЕЦ
Што се случува кога два крајно тврдоглави знаци ќе станат пријатели? На крајот доаѓа до точка кога нивната преголема сличност е она што ги спречува да развијат длабока поврзаност.
Нити еден од овие два знаци не е подготвен за компромис, а така не се решаваат проблемите. Пријателството помеѓу Бикот и Јарецот ветува многу на почетокот, но на крајот едноставно избледува.