Доколку има некој проблем тие ќе се обидат да не променат ништо затоа што така им е најлесно. Тие се хедонисти кои сакаат да уживаат и се грижат дали ќе имаат доволно пари да уживаат во своите омилена нешта како храната и патувањата, тоа се нивните главни грижи.
Рак
Раковите се грижат за своето семејство. Ним им е важно само нивното семејство да е добро а потоа на второ место им доаѓа грижата за себеси. Секогаш се однесуваат внимателно и внимаваат што зборуваат да не би навредиле некого. Се грижат сите околу нив да се среќни.
Девица
Таа се грижи најмногу за своето здравје. Таа е дежурен хипохондрик во зодијакот и секогаш е спремна да даде совет во врска со здравјето на секого. Овој чај, тие витамини, оние таблети – точно знае кое е решението за секој проблем. За себе е најлоша затоа што се грижи да не и се случи нешто, па ги оптеретува и останатите луѓе но во главно таа е добронамерна.