Хороскопски знаци кои секогаш се вљубуваат во погрешни личности

|

Тие секогаш некако успеваат да се заљубат во некој кој е тотално погрешен за нив

Ако сметате дека во љубовта сте генерално несреќни, сигурно сте барем делимично за тоа криви и самите. Астролозите тврдат дека некои хороскопски знаци упорно бираат погрешни партнери и ги игнорираат предупредувањата кои укажуваат на потенцијална опасност, а еве конкретно за кои хороскопски знаци станува збор.

ОВЕН


Овните се доста пребирливи, но воглавно се доста површни па изгледот им е еден од главните критериуми при одбирањето на партнер. Баш затоа често налетуваат на некој кој одвнатре не е ни приближно толку убав колку однадвор.

БЛИЗНАЦИ


Друштвените Близнаците обожаваат да бидат опкружени со луѓе, а во секое друштво обично се во центарот на вниманието. За да се заљубат во некого, доволно е да видат дека ги слуша и поддржува во она што имаат да го кажат, но често подоцна сфаќаат дека тој воопшто не е на нивно ниво туку само отпочеток им се додворувал.

РАК


Раковите доста цврсто се врзуваат за луѓето за кои им е грижа, што многумина знаат и да го искористат. Така често завршуваат во врска со личност која на сите начини се обидува да манипулира со нив, и кога ќе го сфатат тоа, остануваат разочарани и несреќни.