Хороскопски знаци кои според ѕвездите не треба да бидат заедно никогаш

|

Девицата има непоколеблив карактер и реално гледа на работите. Но, за романтичната Вага која е оптимист и во животот и во љубовта и сака да верува дека сè што ќе посакаме е возможно, ова е одбивно. Девицата ѝ го убива духот, а пак за Девицата Вагата изгледа тотално наивно. Едноставно, се инкомпатибилни за врска.

Секој може да се вљуби во секого, но дали сите врски може да опстанат?

Според астрологијата не. Некои хороскопски знаци едноставно се инкомпатибилни.

Овен и Рак
Овенот сака динамична врска и брз тек на работите. Сака искра и да делува веднаш така како што му вели срцето.

Но, Ракот е многу чувствителен и му треба време за да стекне доверба и за него љубовта е уметност.

За жал, додека Ракот се опушти пред Овенот, Овенот веќе претпоставил дека Ракот не е заинтересиран за него и продолжил понатаму.

Близнаци и Скорпија
Близнаците се случува да имаат контрадикторни ставови и однесување и тоа може да ја излуди Скопријата, која сака партнер со цврсти убедувања.

Близнаците се променливи, па Скорпијата нема да се чувствува безбедно и ќе смета дека нема потреба да инвестира време и енергија во оваа врска.

Јарец и Стрелец
Ако треба Јарецот да биде опишан со еден збор, тоа би било „професионален“. Тој работи напорно, амбициозен е и сериозен во врска со работите што ги сака.

Од друга страна Стрелецот работи на шарм и среќа и не се грижи ако се појави со задоцнување на состанокот со неиспеглана кошула. Знае дека со помош на својот шарм ќе ги маѓепса сите, но сите освен Јарецот.

Организираниот Јарец не сака таков лежерен пристап кон животот.

Бик и Водолија
Бикот е стабилен и предвидлив, особено кога станува збор за љубовта. Но за Водолијата ова е рецепт за здодевност. Правењето на истата работа на истиот начин ја гуши.

Водолијата сака оригиналност и потребна ѝ е личност кој ќе ја стимулира интелектуално и духовно. За Бикот ова звучи како залудно трошење на многу енергија. Тој смета дека откако ќе пронајде нешто што функционира за него, нема потреба од промени.

Но, Водолијата монотонијата ја смета за нешто ужасно и секогаш сака динамично темпо.

Лав и Риби
Чувствителните Риби се полни со емпатија за другите и веруваат во судбина. Од друга страна храбриот Лав е полн со љубов кон себе и клучна особина која ја бара од другите е лојалноста.

Лавот го уморува тоа што Рибите се грижат за сите и не се концентрирани само на него и неговите потреби.

Девица и Вага
Девицата е еден од најдуховитите хороскопски знаци, плус има непоколеблив карактер и реално гледа на работите. Тие не сакаат да ги гледаат работите со розови очила, туку сакаат смело соочување дури и со најлошите работи во животот.

Но, за романтичната Вага која е оптимист и во животот и во љубовта и сака да верува дека сè што ќе посакаме е возможно, ова е одбивно.

Девицата ѝ го уништува  духот, а пак за Девицата Вагата изгледа тотално наивно.