Некои луѓе едноставно се склони да манипулираат со другите. Иако таа манипулација понекогаш не мора да биде негативна, сепак најчесто се злоупотребува и искористува во лична корист, на штета на друг. Луѓето родени во овие три знаци се склони на сплетки:
Скорпија
Со Скорпиите не се знае на што сте. Кога ќе препознаат лесен плен тие тајно планираат како можат да го искористат и целосно да го манипулираат. Ако се замерите со Скорпија, знајте дека нема да минете неказнето, тие веќе планираат завера и сплетка против вас.
Близнаци
Луѓето родени во знакот на Близнаци постојано ги менуваат нивните ставови и мислења. Поради тоа многу добро се адаптираат на различни типови луѓе, меѓутоа не минува многу време за некој да ја разоткрие нивната бескарактерност. Близнаците се склони кон сплеткарење чисто од забава, токму затоа не можат да одржат долгогодишни пријателства.
Рак
Раковите се многу емотивни луѓе, а кога ќе се осетат загрозено подготвени се на сè. Особено ако станува збор за загрозување на безбедноста на нивните семејства, Раковите многу вешто ќе изманипулираат со оние чии постапки не ги одобруваат. Преправајќи се дека им се пријатели, често ќе заиграат и на емотивната карта за да ја постигнат целта.