Хороскопски знак во кој се раѓаат најмногу богати и славни

ИЗВОРСкопје24
|

Анализите на повеќе експерти покажале дека еден хороскопски знак доминира кога се во прашање богатите и славните личности. Студија на еден универзитетот во Арканзас покажала дека луѓето родени помеѓу 20 јануари и 18 февруари најчесто се поврзуваат со слава и многу пари. Станува збор за хороскопскиот знак Водолија, период во кој се родени многу актери, политичари, реномирани научници, писатели и личности со слична, често посакувана професија.

Иако во животот го остваруваат сѐ она за што сонуваат, Водолиите се препознатливи како бунтовници, но и како снаодливи оратори кои не се плашат да бидат чудни и уникатни. За многумина, токму ова е нивната тајна формула со која лесно стигнуваат на врвот. Некои од познатите личности – Водолии се Опра Винфри, Боб Марли, Ештон Качер и Роналдо.

Водолијата е управувана од Уран – планетата на оригиналноста, мудроста и целосната слобода. Симболот на водолијата е носачка на вода, а симболиката на знакот е носење на нови идеи. Родените во овој знак се бескраен извор на нови и оригинални идеи.

Вие им давате животворна течност на блиските, а пријателствата се многу важен аспект од вашиот живот. Најдобрата ваша карактеристика е тоа што можете да се спријателите со секој, па затоа имате голем број пријатели. Најсреќни сте кога сте заобиколени од необични луѓе со нестандардни идеи.

Работите упорно и енергично за да ги распространите вашите идеи, особено кога тие имаат некаква хуманитарна цел. Вие секогаш знаете како да го најдете идеалното решение за секој проблем. Различни сте од толпата и може да бидете многу добар лидер.