Во првата половина на јули овие три знаци ќе мора да се прилагодат на многу работи
Близнаци
Подгответе се за вистински предизвик од 10 до 15 јули. Некој што сте го сметале за близок, ќе се обиде вистински да ве исфли од колосек. Ќе ви биде тешко да се прилагодите на новите околности, но ако постапите трезвено овој немил настан само ќе ве направи посилни и поотпорни. Промените дефинитивно ќе ве размрдаат, но најважно е да извлечете поука и добро да ја научите лекцијата.
Стрелец
Ова лето ќе сфатите точно кои работи ви одземаат премногу време и енергија и ќе научите дека животот ќе ви биде многу поубав ако се опуштите и дозволите некои работи да се одвиваат поинаку од планираното. После долго време, ќе се ослободите од несигурностите кои ве мачат.
Јарец
Во наредните денови конечно ќе реагирате на неправдите кои ви се нанесуваат веќе подолго време и повеќе нема да бидете воздржани. Ќе се најдете на непознат терен кога станува збор за релациите кон одредени луѓе. Ви претстои пресвртница и на професионален и на личен план.