Некои хороскопски знаци имаат повеќе, а некои помалку среќа во љубовта.
Ако сте родени во знакот на Риба, астролозите имаат одлична вест за вас – вие сте хороскопски знак со кој секој би сакал да оди на состанок. Имате чувствителен, осетлив и шармантен карактер, поради што сте совршен соговорник со партнерот.
Ова е докажано преку истражување на американската компанија OnePoll. Според резултатите, само 7% од испитаниците одбиле да отидат на втор состанок со Риба. Во љубовна врска, Рибите најмногу си одговараат со луѓе родени во знакот на Рак или на Скорпија.
Рибата не е единствениот знак кој има среќа во љубовта. Многу популарни се и самоуверената Водолија, лојалниот Јарец, чесниот Стрелец и веселата Вага.
Истражувањето покажа дека најмногу луѓето одбиле да одат на втор состанок со Близнаци, тие се на врвот на листата „никогаш повеќе“. Од знаците кои лошо минуваат на состаноци се и родените во знакот на Рак, Бик, Овен и Лав.