Хороскопски знак кој владее со состаноците – сите би излегле со него

|

Некои хороскопски знаци имаат повеќе, а некои помалку среќа во љубовта.

Сигурно на социјалните мрежи, како и во вистинскиот живот, сте прочитале или слушнале изјави дека некој не сака да биде во врска со личност која е родена во хороскопски знак кој никако не му одговара.

Ако сте родени во знакот на Риби, имаме супер вести за вас – вие сте хороскопски знак кој владее со состаноците. Имате чувствителен, но и шармантен карактер, поради кој сте совршени соговорници за партнерите.

Ова е докажано во истражување спроведено од американската компанија „OnePoll“. Според ова истражување, само седум отсто од испитаниците одбиле да отидат на состанок со Риба. Во љубовните врски Рибите најдобро се согласуваат со луѓето родени во знакот на Рак или Шкорпија.

Рибата не е единствениот знак кој има среќа во љубовта. Многу популарни се и самоуверената Водолија, сигурниот Јарец, искрениот Стрелец, но и веселата Вага.

Истражувањето покажало дека најмногу луѓе одбиле да излезат на состанок со Близнаците и тие се на врвот на листата ‘никогаш повеќе’. Од знаците кои лошо поминуваат на состаноци се и Раковите, Биковите, Овните и Лавовите.