Христијан Мицкоски во „1 на 1“: Сопругата Рози ја има главната улога во нашето семејство

ИЗВОРновлист
|

Лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски гостуваше во шоуто „1 на 1“. Тој во шоуто откри дека веднаш по будењето, има ритуал кој се состои од пиење кафе и одговарање на пораките кои стигнале во текот на ноќта. Веднаш потоа се упатува накај врвот на Водно. Деновите кога не е во можност да оди на Водно редовно посетува теретана.

Мицкоски открива дека од кога влегол во политичките води тоа го променило неговиот живот. Постојано се зборува за политика.

Тој објаснува како постариот син воопшто не сака да се фотографира, додека помладиот со тоа нема никаков проблем. Исто така откри дека не оди на родителски состаноци, бидејќи нонстоп се почнувало тема политика со родителите на децата.

„Кога одат децата на екскурзија треба да се зборува за екскурзија, на слава за нас, а за политика има време за дебатни емисии“, вели тој.

Мицкоски изјави дека има работено како хигиеничар. Откако го примиле на работа, како инженер со висок просек, шефот на првиот работен ден му дал метла за да го измете дворот.

Што се однесува до асистентските денови на Машинскиот факултет, тој откри дека уште на првиот час, кога решавал задача на таблата, решението кое го добил било различно од она во збирката. Целиот во збрка, побарал помош од професорот, кој пак, за среќа, му кажал дека се работи за печатна грешка во збирката со задачи.

Омилена музика му е рокот, особено рок од 80-тите и екс-ју сцената.

Околу поделбата на семејните обврски со сопругата Рози, тој вели дека таа е жена која никогаш не го занемарува своето семејство. Потоа побара аплауз од публиката за неа и јавно ѝ се заблагодари за нејзиниот придонес во нивниот заеднички живот.

Целосната емисија погледнете ја во продолжение: