Хронично болните на работа од понеделник – одлучи Владата

|

Владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести, хронично болните се враќаат на работа. враќањето би стартувало од идната недела.


Сепак ќе има и исклучоци, односно од работни обврски и понатаму ќе бидат ослободени само оние за кои лекар-специјалист ќе укаже дека имаат влошување на состојбата со болеста и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.

Поради ново настанатата ситуација, во најава е измена на правилникот во Фондот за здравствено осигурување за издавање на боледување, за да им се овозможи на лекарите-специјалисти да издаваат боледувања со траење од по неколку месеци, но и тие да бидат филтерот, дали некој исполнува услов да биде ослободен од работа врз основ на хронична болест.

Здруженијата на пациенти, за оваа одлука на Владата, веднаш побараа, да се изготват јасни и прецизни критериуми, за тоа кој и кога треба да отпочне со работа, а се согласуваат дека лекарите-специјалисти треба да го имаат последниот збор за тоа.
Освен критериумиа според здруженијата во предвид треба да биде земена и терапијата кое лиците ја прима и условите на работното место на кое се наоѓа.
За своите барања тие утре ќе разговараат со министерот за здравство Венко Филипче, при што, како што најавија, ќе ја понудат и својата помош за утврдување за критериумите за враќање на хронично болните на работа.