Хрватите очајни, посебно наплаќаат место под сенка на плажа – објавен ценовник на познат камп (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Јасно е дека капачите дополнително ќе плаќаат лежалка или чадор за сонце за поголемо уживање на плажа, но веројатно никој не би претпоставила дека на некои плажи во Хрватска, мора да се плати и место под сенка.

Да, добро прочитавте, место под сенка. Необичен ценовник во кампот Маслиник објавила и новинарката Весна Клјајиќ на својот Фејсбук профил. Она што може да се види на ценовникот повеќемина би го нарекле апсурд бидејќи цената за возрасни под сенка е 2 евра, а за деца 1,5 евро.

Свесни сме дека на море важат други правила отколку на копно, меѓутоа, плаќање на место под сенка не е честа појава.

Nastavljam s objavama bisera hrvatskog turizma. Ovo sam preuzela od Senka Puškara. Žao mi je samo što su prekrili ime iznajmljivača.

Gepostet von Vesna Kljajić am Montag, 22. Juli 2019

Хрватска ја дели судбината со повеќето медитерански земји кои се борат со падот на побарувачката во однос на лани, и поради тоа на одредени места ги намалија цените дури и до 20 отсто, па поскапувањето од 12,7 отсто во Задар и тоа како го привлече вниманието.

Седумдневен одмор во Задар е поскап отколку на пример во Пафос на Кипар, Мармарис во Турција, Мајорка и Коста дел Сол во Шпанија, како и во бугарското одморалиште Сани бич, покажа истражување што го спроведе британскиот таблоид „Сан“.

Хрватскиот „Вечерњи лист“ наведува дека во Хрватска може да се летува за помалку од 3.500 евра, односно колку што „Сан“ процени дека ќе чини летување од 7 дена во Хрватска. Весникот наведува дека јадранските цени се посебна приказна и речиси да нема некој кој летувал во Хрватска, а дома да не се вратил со чувството дека нешто некаде платил прескапо.

Капучино од 6 евра, килограм грозје 10 евра, хамбургер 22 евра, сендвич од 13,5 евра се само некои од летните цени на Јадранот, пишува „Вечерњи лист“.

Напумпаните цени, оценува „Сан“, се дел од јадранскиот фолклор, но за директорот на Хрватската организација за туризам, Вељко Остојиќ, вистината за цените има повеќе лица.

„Секоја споредба со конкуренцијата е добро за да ни го покаже контекстот на пазарот на кој сите заедно работиме. Иако не би требало да се бориме со цените туку со квалитетот, кој дозволува нешто повисоки цени, не смееме да дозволиме перцепцијата за Хрватска да биде дека сме прескапи. Мора да бидеме свесни дека имаме највисок БДП на Медитеранот и дека во тие услови имаме многу ограничен маневарски простор кај одредување на цените“, рекол Остојиќ