ХРВАТИТЕ СЕ „ТРЕСАТ“: Снег и минусни температури во мај (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Силниот дожд и невремето што ја зафати Хрватска последните два дена, на повисоките места денеска премина во снег.

Снег денеска ги изненади Хрватите, откако наврнаа неколку сантиметри прекривка во планинските предели Учка и Горски Котар. На територијата на Госпиќ е издаден жолт аларм и се очекува да наврнат најмалку 5 сантиметри снег.

Со новиот студен бран, паднаа и температурите, така што во 15 часот во местото Завижан се измерени минус 3 степени.

СРБИЈА ПОД СНЕГ: Граѓаните се подготвуваат за нов УДАР!

Жителите на Србија денес се смрзнуваат како да е есенски ден, пропратен со дожд. Граѓаните повторно облекуваат чизми и зимски јакни, а температурите не го преминуваат 10. степен, пренесуваат белградските медиуми.

Но дождот во Сјеница премина во снег, кој според граѓаните, вее како да е месец јануари. Фотографиите се идилични, иако не се вклопуваат со овој период на годината.

Како што најавуваат метеоролозите потопло време се очекува дури во сабота.

https://www.facebook.com/zlatarfest.novavaros/videos/386547571946605/

Целиот регион го зафати невреме и поплави. БиХ како и Хрватска се соочуваат со поплави, а хрватските служби информираа што луѓето не треба да прават во случај на поплави.

Советуваат луѓето никако да не влегуваат во вода, затоа што тоа би било см*тоносно. Статистички, во светот 50% од луѓето кои животот го загубиле за време на поплави, биле во автомобил. Додека има поплави треба да се избегнува движење со возила.

На граѓаните им се советува да останат смирени, да обезбедат питка вода, храна и лекови за неколку дена. Да ги наполнат телефоните, но и на интернет да следат колкави се водостоите на реките.

Да ги следат упатствата на дежурните служби, а мебелот да го кренат повисоко. Во случај на интервенција да се повикаат дежурните служби.