Хрватска бара лекари, нуди плата, бонус и сместување – добредојдени се и Македонци

ИЗВОРСкопје24
|

Целиов Балкански регион со години мака мачи за да ги задржи своите жители, кои поради недостиг на работа или поради подобри услови и финансии ги напуштаат своите родни места и заминуваат во некои од европските метрополи по работа. Како во Македонија така и на Хрватска и недостасува медицински кадар. Младите заминуваат во странство, а старите одат во пензија.

Од 250 лекари во Сплитско – далматинската жупанија дури 100 наскоро ќе одат во пензија. Нема ниту сестри, поради што лекарите и стоматолозите се принудени да работат сами.

Но, и оние кои сега се без работа не би сакале да работат на островот Вис или на Хвар на пример. Таму еден лекар би требало да се грижи за 300 пациенти.

Се нуди плата, стан и годишен бонус од 50.000 куни. Заинтересираните можат да се пријават.