Македонски мајстори вградија електричен мотор во легендарниот автомобил „застава 750“, попознат како „фиќо“, пишуваат хрватски медиуми.
Работата на замената на оригиналниот мотор ја изврши фирмата “ББ класик карс“ од Скопје, која се занимава со реставрација на класици.
Така му е даден нов живот на малиот автомобил што ја моторизираше поранешна Југославија. Во скопската фирма истакнуваат дека најмногу сакаат да работат токму на „фиќовци“ и оти се единствени во Европа со сертификат за конверзија на тие автомобили на струја, пренесува „Пословни дневник“.
Погледнете што сè некогаш се произведуваше во Југославија
На социјалната мрежа Facebook почна да кружи мапа со листа на многу компании и брендови што некогаш биле произведени на територијата на поранешна Југославија.
Некои фирми и производи постојат до ден денес, а некои не.
Токму затоа е создадена оваа мапа за да ги потсети корисниците на најпознатата социјална мрежа за тоа што некогаш се произведуваше во поранешната СФРЈ.
Голем број од луѓето се уште сметаат дека порано се живеело и работело подобро отколку денеска.
За некои од овие брендови веќе долго време не сте слушнале, а не пак да сте ги виделе нивните производи, додека некои се’ уште успеваат да не потонат. За среќа, едни од нив се и нашите Витаминка, Алкалоид и Фени и Тиквеш, помеѓу попознатите.
Што мислите вие?