Приказната на младиот херој Дејан Младенов од Струмица која допира до сечие срце на крајот заврши среќно и измами насмевка кај гледачите кои ја слушнаа, а воедно и се воодушевија од хуманите луѓе во Македонија кои сè уште постојат.
Младиот Дејан уште како мал бил одземен од неговите родители поради семејно насилство па така пораснал во дом за деца без родители, но неговата храброст и упорност биле во постојана потрага по среќа и радост, впрочем како и сите останати луѓе кои сакаат да имаат таков живот.
Гледачите со приказната на Дејан се запознаа во емисијата „Вип на еден ден“ во која тој ја сподели својата несреќна судбина, но изрази и една голема желба – да ја врати насмевката на своето лице.
Неговиот проблем со забите обедини многу хумани луѓе со големи срца за на крајот да успеат да ја вратат насмевката на неговото лице.
Но, тука на изненадувањата за младиот Дејан не дошло крајот. Бидејќи тој отворено кажал дека е фан на младата македонска пејачка Антониа Гиговска, организаторите на емисијата му го овозможија и тоа задоволство и ја донеле Антонија пред неговите очи, а ова искрено момче не можело да не ги покаже своите емоции па се расплакало.
Погледнете ги емотивните снимки од младото момче кое сега е вистински шармантен господин и кој ќе ги стопи вашите срца.