И интерпол се вклучи во потрагата по Матеј Перишиќ

|

Интерпол е вклучен и во потрагата по Матеј Периш (27) од Сплит, кој исчезна на 31 декември во Белград, пишуваат белградските медиуми.

За исчезнувањето на хрватскиот државјанин за кого се сомнева дека се уда*ил, се информирани и соседните земји низ кои минува Дунав. Српската полиција, освен во Белград, ја пребаруваше реката Дунав низводно, сè до Смедерево.

Проверени се и коритото и крајбрежјето бидејќи не е исклучена можноста водата во одреден момент да го исфрли телото на површина, пишуваат медиумите.