И Лепа Брена призна дека била кај Баба Ванѓа – откри што ѝ кажала и дали погодила

ИЗВОРСкопје24
|

Денес е најголема балканска ѕвезда, а ваква иднина и судбина ѝ предвиде и Баба Ванѓа. Лепа Брена своевремено ја посетила баба Ванѓа, кај која одеа бројни јавни личности кои сето тоа го држеа во тајност.

„Ќе се омажиш за човек во бело. Ќе живееш во складен брак, но само ако не избереш сопруг странец”. Прво што ми падна на памет дека тоа ќе биде доктор, бидејќи мојот татако беше медицински работник, па тоа некако ми дојде прво што ми падна на памет. Бело одело, бела униформа, рекла Брена.

Не бев многу одушевена, бидејќи неможев да замислам да патувам по светот, а тој да работи во некоја болница. Подоцна сватив дека бел спорт е тенисот, има бела униформа. Мислев дека ќе налетам на некој доктор, аптекар или можеби фурнаџија, а се појави тенисер во бел комплет. Кога го сретнав Бобо, ми се бендиса неговата спонтаност и искрејност”, вели Лепа Брена.

Имено, на пејачката пред само неколку дена и се роди првото внуче. Таа вели дека Филип, синот на нејзиниот сопруг Боба од првиот брак, го сака како свое дете, и додава дека е пресреќна за новиот член во семејството.

„Сите сме пресреќни. Со нетрпение го очекуваме бебето секој ден. Добро ни дојде“, изјавила Брена за „Блиц“. Порталот пишува дека Брена не ја симнува насмевката од лицето, а семејството Живојиновиќ добива многу честитки. Мајката и бебето се чувствуваат одлично.

„Александра е мојата поддршка и јас сум нејзината. Таа е нашиот нов член од семејството и ја доживувам како едно девојче кое тргна исто како и јас, токму од нула. Навистина сакам да ѝ бидам од помош и да ѝ дадам совети кои никој не може да и ги даде. Сум го поминала целиот тој трнлив нејзин пат. Таа ја има својата мајка која и е голема поддршка, а јас можам да ја советувам за работата и за животот. Среќа, таа е личност која следи, слуша, и ги применува работите од другите кои се добри.

Не може никој да биде ничиј наследник. Сите ние сме оригинали и секоја копија или прашање кој ќе ме наследи мене или било кој друг се непотребни. Александра е птица која пее со свој глас, а јас сум тука за се што ѝ треба“, изјави Брена во едно интервју минатата година.