И на Сашко Коцев тешко му падна аферата „Рекет“ : Јака ти душа за следната Бубамара

ИЗВОРСкопје24
|

За аферата „Рекет“ веќе знаат и птиците на гранките, а како што тргнало, сагата долго ќе трае додека се размрсат конците.

Засекирани од тоа секојдневно се се повеќе и повеќе обожаватели на популарниот актер Сашко Коцев. И сега, можеби веднаш не ви паѓа на памет зошто, и што ли има пак Сашко во сето тоа, но ако размислите подобро, за Коцев тешкото допрва доаѓа во месец февруари, а дотогаш тој ќе има многу работа. Додуша, материјал за инспирација уште сега има премногу, па многумина се загрижија како ли ќе се снајде и како ќе издржи на сцената.

„Сашко Коцев, јака ти душа за следната Бубамара на популарноста! Како се ќе запамтиш?“; „За Сашко Коцев се секирам, дали ќе запамти се, колку ќе трае следната Златна Бубамара?“ ; „Како тргна Македонијава, наредната Бубамара, делот на Сашко Коцев ќе трае 3 дена ако продолжат вака Медичи, Тредичи, Четиристотидичи“, се само некои од коментарите и прашањата кои постојано осамнуваат на профилот на актерот.

Сашко засега не се огласил на ниеден, но затоа пак информира за неколкуте негови филмски проекти од кои еден е филмот „М“ на Вардан Тозија каде го игра ликот на Марко. Запуштен и ковчест, но силен четириесетгодишен маж, со строг поглед што продира низ лицето обраснато со брада.

Јасно е дека од работа Сашко не може глава да крене, а уште појасно е дека на следната „Златна Бубамара“ публиката од долго седење ќе се залепи на столчињата, а ќе требаат и нокширчиња.