Професорката Мирјана Најчевска денеска се приклучи на „иницијативата“ македонските граѓани од дијаспората да биле тргнати од гласачките списоци, идеја која најпрво беше пласирана од една новинарка вечерта кога Тамара Тодевска не ги доби очекуваните гласови од телефонското гласање на нашинците низ светот.
Најчевска наведува ред причини зашто наѝшите во дијаспората треба да бидат избришани, а и убедува дека причина не е „затоа што не гласаа за Тамара, туку заради тоа што:
Јас мислам дека македонската дијаспора треба да се тргне од гласачките листи на Северна Македонија, не затоа што не…
Gepostet von Mirjana Najchevska am Sonntag, 19. Mai 2019
Претходно лута на луѓето од дијаспората беше и новинарката Снежана Лупевска – Созен поради тоа што дијаспората не и дала ниту еден глас на нашата претставничка на Евровизија.
Имено, таа на својот фејсбук профил го објави својот револт пишувајќи:
„Државна изборна комисија под итно да ги избрише они од дијаспората од избирачкиот список. Ем пари трошат ем несакаат да дадат 10 евра да гласаат за Тамара (секоја чест на исклучоци)“, истакнувајќи дека сепак сме горди ние овде!