И Нострадамус ја предвидел точната година на заминувањето на кралицата Елизабета?! Најави што ќе се случува следно

|

Францускиот лекар и астролог, со вистинското име Мишел де Ностредам, познат во јавноста како пророкот Нострадамус, ја предвидел точната година на заминувањето на кралицата Елизабета од овој свет.

Авторот и водечки експерт за познатиот пророк, Марио Рединг, пишувајќи за криптичните песни на Нострадамус од 1555. година, рекол:

„Преамбулата е дека кралицата Елизабета Втора ќе ум ре околу 2022. година, на возраст од околу 96. години“.

Рединг исто така рекол дека Нострадамус ја напишал фразата „Крал на островите“ во една од неговите песни, мислејќи на предвидувањето дека поголемиот дел од Комонвелтот ќе се отцепи за време на владеењето на кралот Чарлс III.

Авторот исто така тврдел дека Чарлс ќе дојде на тронот на 74-годишна возраст.

„Незадоволството на одреден дел од британското население, по неговиот развод со Дијана, принцезата од Велс, сеуште ќе трае“, напишал авторот.

Експерт за делата на Нострадамус исто така толкува дека Чарлс ќе биде принуден да абдицира за една година и дека реченицата на пророкот „Ќе биде заменет со човек кој никогаш не очекувал да биде крал“ значи дека Вилијам нема да седне на тронот.

Авторот рекол и дека во тој случај принцот Хари би можел да стане крал.
Да потсетиме, кралицата Елизабета почи на на 9. септември, а нејзиниот пог реб е закажан за 19 септември.

Нејзиниот син Чарлс го наследи тронот, а првиот внук на Елизабета, Вилијам сега е во редот за круната.