Вкупно 23,3 отсто од гласачите за најдобар женски вокал и го дале својот глас на македонската претставничка Тамара Тодевска, што е и прв воопшто трофеј за нашата земја на ова натпреварување. Зад Тамара се Кејт Милер-Хајтке од Австралија и Тамта од Кипар.
Во категоријата за најдобра песна, наградата и припадна на победничката „Аркада“ во изведба на Данкан Лоренс од Холандија.
Лука Хани од Швајцарија победи во категоријата за најдобар машки изведувач, оставајќи го победникот Данкан на второто и италијанецот Махмуд на третото место.
Норвежаните „КЕИНО“ се прогласени за најдобра група.
Гласањето за Радио-наградите на Евровизија 2019 година траеше од 1 до 10 јуни, а фановите и слушателите на Евровизискиот натпревар низ светот одлучуваа кому ќе му припаднат трофеите.
Тамара во 2008 година заедно со Адријан Гаџа и Врчак победуваат на националниот избор за песна на Евровизија и со „Во име на љубовта” ја претставуваат Македонија на Евровизија во Белград-Србија. „Во име на љубовта” се снима на 6 верзии ( Македонски, Српски, Албански, Турски, Руски и Англиски) и за сите е снимен видео спот режисиран од Дејан Миличевич.