Фановите на легендата Тоше Проески емотивно се поврзани со месец октомври, како поради неговото заминување од овој свет, така и по неговиот последен голем хуманитарен концерт кој се одржа на 5-ти октомври, само 11 дена пред тра гичната нес реќа.
Неговиот последен хуманитарен концерт на Градски стадион во Скопје, претставува еден вид на аманет оставен од него до сите нас, со цел да се одржи традицијата на хуманост, преку одржување на концерти во негова чест.
Оваа година се навршуваат 15 години од неговото заминување, и со исклучок на само неколку, во сите тие години аманетот се оствари, па фановите на било каков начин се собираа и пееја во негова чест.
Иако последните години со здравствената криза традицијата беше прекршена, како што најавуваат неговите пријатели од Крушево, оваа година повторно ќе се одржи ваквиот музички настан во чест на Тоше.
Настанот е насловен “Со љубов за Тоше”, а на него би требало да настапат повеќе домашни – македонски, но и балкански ѕвезди, воедно пријатели на Тоше, а истиот ќе биде под покровителство на Министерството за култура, како и на Спомен куќата на Тоше Прески.
“Се сеќавате на 5ти октомври 2007. Голем концертен спектакл нашиот Тоше приреди на градскиот стадион во Скопје. Незаборавен концерт и за жал последен. На овој 5ти октомври се навршуваат 15 тажни и тешки години без Тоше. Но неговата спомен куќа, сите негови фанови и неговите пријатели – музичари на 5ти октомври ќе организираме и реализираме настан во негова чест ” Со љубов за Тоше”.Настанот финансиски го покрива Министерството за култура на република северна Македонија и Н.У. Спомен куќа на Тоше Проески. Голем број домашни и балкански музички имиња и пријатели на Тоше ќе ги пеат неговите незаборавни, вонвременски хитови.
Тајно моја, Сонце во твојте руси коси, Чија си, Игри без граници, Још увек сањам да смо заједно, Иконо моја, Вежи ме за себе, Срце није камен… Дојдете да ги испееме заедно “Со љубов за Тоше”.
#ToseForever ❤️”, стои во објавата на Стерули Штерјовски – пријател на Проески од Крушево.
(Н.Ј.)