И по толку време му остана најверен пријател: Тони Центински со песната за Тоше ги расплака сите, а сцените во поздина ја кинат душата (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Тони Цетински одржа концерт за паметење пред полниот Ташмајдан. Публиката во еден глас ги пеела сите хитови на познатиот музичар се до самиот крај. Пред крај на концертот Тони ја испеал својата балада „23 просинац (декември)“, која ја посвети на нашиот Тоше Проески, но и и многу други уметници кои за жал не напуштија.

Тони го пушти својот врвен глас, а немало кому не потекле солзи после сцените кои се појавиле на екраните зад пејачот.

Имено, на бимот зад него најпрво се појави фотографија од Тоше и Тони Цетински кои како вистински и верни пријатели се прегрнуваат, а потоа кон крајот се вртеа фотографии и од Небојша Глоговац, Оливер Драгојевиќ, Драган Николиќ, Арсен Дедиќ, Бата Стојковиќ, Миодраг Петровиќ Чкаља, Павле Вуисиќ, Дино Дворник и неговиот татко Борис Дворник, Влада Дивљан и останати уметнци кои оставиле своја трага.

Емотивното видео може да го погледнете на овој ЛИНК.

Имено ова не е прв пат Тони да ја изведе песната „23 просинац“ и да ја посвети на својот верен пријател Тоше Проески, всушност ретко поминува концерт а тој на некој начин да не му оддаде почит, со некоја своја изведба или правење на препознатливото ѕвездено небо.

Иако никогаш не потврдил, се претпоставува дека Тони оваа трогателна песна всушносе е автобиографска и дека тој ја има напишано за своја поранешна девојка која исто така животот го загубила во сообраќајна несреќа.