И по три недели нема извештај за родилката што скокна од прозор во Гинекологија

|

Министерството за здравство не обелоденува што констатирале лекарите при стручниот надзор за случајот со родилката која на почетокот на месецот скокна од првиот кат на скопска гинекологија.

Речиси 3 недели откако Фатмир Меџити иницираше формирање на комисија, јавноста се уште нема информации дали биле запазени сите протоколи.

Ова следеше откако ДСЗИ при надзорот констатираше пропуст кај дежурните на ГАК бидејќи не инсистирале психијатар да ја прегледа пациентката која се жалела на вознемиреност и наложија одговорните на Клиниката да спроведат постапка за утврдување одговорност за здравствени работници кои биле на смена тој ден.

Од Клиниката ги отфрлија ваквите наводи.

Во меѓувреме 39 годишната пациентка пред 10-тина дена им подлегна на повредите на КАРИЛ.

Иако за конкретниот случај, неделава 2 пати испративме прашања до кабинетот на министерот, не добивме одговор. Не кажуваат ниту кога е направен надзорот за да бидат запазени законските 8 работни дена за изготвување на извештајот.