И денеска има газди кои ги тераат своите работници да работата на сонце и екстремно високи температури.
И покрај алармот за портокалова фаза и препораките да се внимава и да не се изглегува на сонце од 11 до 17 часот, на одредени места камерата на Телма забележа работници кои во униформа ги извршуваат работните задачи точно напладне кога температурите достигнуваат и и до 40 степени.
Инспекторите се на терен. Прават проверки, и канзуваат. Но, по сликата на некои места очигледно е дека до некој работодавачи препораките не допираат, а не стигнуваат ниту казните.
Од синдикатот за градежници велат дека работниците се плашат и да пријават до нив, за да не добијат отказ.
Високи температутри ќе има и следната недела.
Со топлотен бран се бори и Европа, на некој места термометарот достигнува и до 48 степени.