Нови поскапувања и празни полици во маркетите. И покрај донесените мерки за заштита од нови ценовни шокови, граѓаните и натаму се жалат дека со секое влегување во продавница наидуваат на нови повисоки цени.
Велат, тие толку бргу се менуваат поради што со платите не може да се достигне растот.
Забележуваат и дека се уште по неколку дена во маркетите не можат да се најдат одредени производи, како брашно, зејтин – оние основните за кои се државата донесе мерки, објави Сител.
Од пазарен инспекторат потенцираа дека нивните екипи секојдневно се на терен, се прават проверки кај сите трговци низ земјава и во следниот период ќе бидат објавени податоци за евентуални злоупотреби.
До крајот на мај, Владата ги ограничи профитните маржи на основните производи и во трговијата на мало но и на големо, а лебот, зејтинот, брашното се продаваат по набавна цена. Ваквата мерка беше донесена со цел да се заштитат граѓаните од ценовниот у дар предизвикан од глобалните случувања, но и од несогласувањата на истокот.
Според проекциите на познавачите ценовните шокови ќе продолжат и во следниот период.