И таа стана баба: Мајката на Филип Живојинивоќ се огласи откако тој стана татко, еве што му порача на семејството на Брена

ИЗВОРСкопје24
|

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ денеска по прв пат станаа родители, а пејачката на свет го донесе нивниот син Александар.

Семејството Живојиновиќ се збогати за уште еден член, а во јавноста се огласи и мајката на Филип која е и прва сопруга на Боба Живојиновиќ.

-Јас денеска сум најсреќна жена на светот. Стигна нашата љубов, радост, среќа. Стигна Александар, напиша Зорица Накиќ на својот Инстаграм профил.

Александра се породила со царски рез, а бебето имало 2.800 грама. И мајката и бебето се чувствуваат одлично. Александра прво размислувала да се породи во Америка, но сепак решила да се породи во Белград, бидејќи тука ќе има помош од блиските. На помош веднаш и се достапни нејзината мајка, мајката на Филип и Лепа Брена.

Александра Пријовиќ денес е една од најпознатите пејачки во регионот. До пред неколку години живеела во Хрватска, а нејзините родители се развеле кога имала три години.

По разводот, останала да живее во Бели Манастир заедно со нејзината мајка.

Александра откри дека во детството секогаш и било тешко, посебно за празниците, бидејќи ги поминувала малку со мајка и, па малку со татко и во Србија.

На 14 години почнала да пее на свадби. Кога била во средно образование се пријавила во „Ѕвездите на Гранд“.

„Околината во која живеев беше немилосрдна кон мене, но и кон мојата мајка. Не навредуваа и понижуваа без никаква причина. Тоа многу ме болеше. Сите се дружеа заедно, а јас имав една пријателка“ вели Пријовиќ.

Поради тоа одлучила да се пресели, а никогаш не завршила средно образование.