И тоа се случи: Запросување на „Матурската парда“ – момче клекна пред својата девојка

ИЗВОРСкопје24
|

Овогодишната “Матурска парада” овие двајца матуранти долго ќе ја паметат.

Од училиштето велат дека сепак станува збор за шега. Матурантите беа дел од околу илјада средношколци, кои традиционално по 13-ти пат, на плоштадот „Македонија“ го одиграа танцот Квадрил.

Точно напладне во истовреме со нивните врсници од над 60 градови од земјава и од Европа, новото поглавје во нивниот живот матурантите го почнаа со давање заклетва за ненасилство.

Скопскиот градоначалник на матурантите им посака успешно лето и успех во новите предизвици.

Освен во Скопје, матурската парада беше одржана и во Охрид, Струга, Гевгелија, Струмица и во Валандово.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007-та година во Скопје и во Охрид.