И тој се „зарази“ со хит апликацијата: Сите го паметиме по улогата на Талат во „Преспав“, а вака ќе изгледа Дритон Вејсели како дедо (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Дритон Вејсели публиката ја освои по неговата улога на рецепцинорот Талат во серијата „Преспав“.

Со својот хумор тој успеа да ја насмее македонската публика, а со неговата улога во серијата стана еден од омилени актери.

Дритон не е многу често активен на социјалните мрежи и не објавува фотографии. Меѓутоа, деновиве на „Инстаграм“ владееше нов тренд односно се појави апликација која покажува како ќе изгледате за неколку години.

Овој нов тренд го пробаа многу јавни личности и се пофалија како ќе изгледаат за 30, 40 години.

И Талат односно Дритон одлучи да ја проба апликацијата и да се види себе си за неколку години.

Тој во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографија која ја направил во апликацијата „Faceapp“ и покажа како ќе изгледа за неколку години.