Струмичките пожарникари попладнево гаснеле три пожари на отворено во регионот, од кои најголем бил тој во атарот на село Габрово, кој избувнал во 11:30 часот и зафатил сува трева, грмушки и дел од нискостеблеста шума на површина од околу 4 хектари.
Според информациите од ТППЕ Струмица пожарот е изгаснат околу 17:30 часот и во неговото гаснење учествувале четири противпожарни возила и девет пожарникари.
Попладнево пожар избувнал и во близина на патот до селото Просениково, каде исто така била зафатена сува трева, трска и грмушки. И таму пожарникарите интервенирале со повеќе против пожарни возила и десет пожарникари.
Денеска единицата на ТППЕ Струмица во Ново Село го гаснеа и пожарот на тамошната депонија, која гори од вчера.
Како што информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев во гаснењето на трите пожари биле вкупно ангажирани 25 пожарникари и 6 противпожарни возила