И вториот закажан концерт на Каролина, Дуке и Исмаил во Филхармонија е распродаден

|

Откако концертот „Песни за љубов и копнеж“, на Каролина, Дуке и Исмаил, закажан за 23 декември беше распродаден за само 4 часа, за веќе следниот ден беше најавен и втор концерт, но и тој е распродаден за рекордни 35 минути.

-Дека љубовта и копнежот се многу важни, особено кога за нив пеат и свират уметници со светски квалитет како Каролина, Дуке и Исмаил зборува фактот дека вториот концерт се распродаде за точно 35 минути, истакна организаторот Авалон Продукција.

Концертите на 23 и 24 декември, се во 20 часот, во Македонската Филхармонија.

Проектот е пакет кој претставува студиски албум и концертна промоција на истиот.

Албумот ,,Песни за љубов и копнеж” е сочинет од 11 од најубавите, подзаборавени македонски композиции од втората половина на 20иот век – златната ера на македонската забавна музика, потпишани од некои од некои нашите најмаркантни автори: Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…

После бројни настапи и соработки на Каролина, Дуке и Исмаил, идејата за овој албум се роди во 2016 година, по што внимателно се работеше на неговиот концепт, бирање на композициите и создавање нови аранжмани, со фокус на тоа да им се даде “нов живот” на некои од најубавите песни на домашната забавна музика.

Со секоја купена влезница ќе следува физичко издание од албумот, додека албумот ќе биде достапен на сите дигитални платформи на 24 декември.