ИДЕАЛНА ЗА ТРОПСКИТЕ ДЕНОВИ:Сладолед торта со малини – РЕЦЕПТ

ИЗВОРСкопје24
|

Оваа торта е идеален летен десерт, а што е најдобро, брза е и лесна за подготовка! Кремаста текстура, освежувачки вкус, сѐ што ви е потребно за летните денови.

Состојки:

1 кг крем шлаг
1 л кисела вода
2 чаши кисела павлака


600 г мелен кекс
600 г малини
Подготовка:

Крем шлагот изматете го со кисела вода, па додадете две кисели павлаки и матете додека не се соединат. Шлагот поделете го на три дела. Во првиот дел измешајте го мелениот кекс, а потоа распоредете го како кора на дното од калапот.

Во другиот дел измешајте ги малините. Може да користите свежи или замрзнати. Филот со малини премачкајте го преку кората од кексите.

Во третиот дел не се додава ништо, само се премачкува преку филот од малини. По приготовката оставете ја тортата во фрижидер и почекајте неколку часа да се олади.