Не постои возрасна граница за вистински љубители на вкусните палачинки. Овојпат со вас споделуваме рецепт, којшто е брз, лесен и едноставен и којшто не бара брашно за подготовка.
За овие палачинки потребно е: две банани, две јајца, 200 грама овесни снегулки, една лажичка мед, малку сок од лимон. Бананите се пасираат, па им се додаваат сите состојки и смесата за палачинки е спремна.
Подгответе го и премачкајте го со масло или путер омиленото тавче за палачинки и со лажица формирајте ги палачинките. Декорирајте по желба.
Појадок кој го чисти организмот – Се јаде двапати неделно
Црниот дроб е најважниот орган во телото, со оглед на тоа што целокупното здравје зависи од него. Лекарите и нутриционистите велат дека црниот дроб подобро ќе го прочистува организмот ако барем двапати неделно ја појадувате оваа мешавина.
Хроничниот замор, лошото расположение, горчливиот и метален вкус во устата се знаци дека очајно ви треба чистење со овој појадок. Рецептот за утринска каша е следниот:
Овесно брашно – 1 шолја – Овесот го блокира апсорбирањето на штетните материи и ги елиминира токсините. Тиква – 20 до 40 грама, исчистена и исечена на коцки – Ги обновува клетките и со тоа ве подмладува.
Суво грозје – половина шака- Исто така помага при обновување на клетките и со тоа го чисти организмот и ја помага работата на црниот дроб. Бадеми – по желба.
Сите состојки ставете ги во мало тенџерче и додадете малку вода или млеко, додека не добиете каша. Проварете минута-две, пуштете да се олади и да отстои и консумирајте додека е тазе. Не се препорачува почесто приготвување на овој појадок од 2-3 пати неделно.