Идеални за слави, имендени и брзо мезе – полнети, декоративни јајца

|

Дали ви се наближува некоја куќна слава, именден, роденден или каква и да било прослава? Можеби изненадно ви се појавија ненајавени гости и потребно ви е брзо, вкусно и декоративно мезе?

Овие полнети варени јајца се одличен избор за на трпезата. Се подготвуваат лесно, доволно е да се потрудите да има многу различни вкусови за секој од гостите.

Потребни состојки:

  • Ајвар
  • Кечап
  • Мајонез
  • Сенф
  • Хумус
  • Урнебес салата
  • Авокадо намаз
  • Сечкани маслинки, магдонос, ротквици

Начин на подготовка:

1. Сварете тврдо околу 10 јајца (или онолку колку што сметате дека ви се потребни).

2. Внимателно исечете ги на половина и отстранете ја жолчката (жолчката може да ја употребите во намаз правејќи комбинација со мајонез, кечап и сенф).

3. Наполнете ги празните белки со фил по сопствен избор: намаз од авокадо, хумус, цвекло, урнебес салата, руска или пилешка салата… сè што ќе ви падне на памет.

4. Декорирајте со сечкани маслинки, крукчиња ротквичка, свеж магдонос, црно семе, итн.

Polneti-dekorativni-jajca (1).jpg
Polneti-dekorativni-jajca (2).jpg