Урош Блажиќ (21), кој утрово беше уапсен под сомнение дека уби осум лица и повред 13 во околината на Младеновац, на социјалните мрежи се фалел со својот имиџ на „жесток тип“, негов идол бил осудениот криминалец Кристијан Голубовиќ, а неговиот најдобар пријател учесник во ријалити програма.
Блажиќ е најдобар пријател на поранешниот „задругар“ Никола Ѓорѓевиќ.
Објавувале заеднички фотографии на Инстаграм, а пред само шест дена Блажиќ и Ѓорѓевиќ се пофалиле со бесно возење низ градот.
Пред извесно време, Никола Ѓорѓевиќ на Инстаграм објави видео на кое се гледа како Урош Блажиќ се капе во ледено езеро и вели дека тој е „малиот Кристијан Голубовиќ“, поранешен затвореник кој очигледно му бил пример.
На Инстаграм профилот на Блажиќ беа објавени фотографии на кои тој се претставува како „жесток тип“.
Инстаграм профилот на Блажиќ беше затворен набргу по масакрот, а во меѓувреме анонимни лица отворија нов профил на негово име. Рано утрово, среде потрагата по Блажиќ, преку тој акаунт беа објавени пораките „На кеца прангијам“ и „Ќе ги пукам до крај“ и „Ќе ги пукам до крај“, на кои другите корисници на Инстаграм жестоко одговорија во коментарите.
Блажиќ е уапсен утрово во околината на Крагуевац по целоноќна потрага. Тој е осомничен дека убил најмалку осум лица и ранил 13 во селата околу Младеновац.
– Тој е ненормален, како и неговото семејство. Откако бил запрен од полицијата, излегол од автомобилот и го нападнал полицаецот. Знам дека еднаш беше уапсен за муниција. Сакаше сплавови, идол му беше Кристијан Голубовиќ. Возел мотор, влегол во селото и возел 200 километри на час. Само така го видовме – велат познаници на Блажиќ.
Извор: А1он