Игор Џамбазов е една од ретките легенди кои Македонија сеуште ги има, но и покрај се сеуште недоволно се цени. Тој како во своите книги така и на социјалните мрежи секогаш најискрено го кажува својот став и ги користи за да поттикне, пофали или искритикува многу работи во нашето општество.
Денес тој се заврте кон угостителските објекти и ноќните клубови кои недоволно ги ценат домашните артисти и ги плаќаат многу помалку за разлика од оние во регионот, дури и доколку се анонимни и полупрофесионални.
„Ги замолувам сите сопственици на дискотеки и клубови кои ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот, со една и пол песна во кариерата, а ги плаќаат 5 (и со букви ПЕТ) пати повеќе од најдобрите македонски изведувачи, ич да не ме бараат за настап со мојот бенд. За вас дечки сум недостапен … дур сум жив. Идемо садаааа … Балкан горииииии“ – напиша Џамбазов.
Ваквиот став на Џамбазов доби поддршка од повеќето од неговите колеги како Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Тарабунов, Панчо од ДНК и многу други.
Не ја знаеме точната бројка која на артистите од соседството им се дава за едно часовен настап во ноќните клубови во Скопје и ширум земјава но со сигурност таа се брои во илјадници евра, додека нашите домашни пејачи едвај добиваат шанса да настапат.