Последниве неколку дена главна вест во таблоидите и забавните естрадни магазини на Балканот е Јелена Карлеуша и нејзината афера со младиот фудбалер Огњен Врањеш.
Во јавноста излегоа многу експлицитни фотографии, видеа и разговори помеѓу пејачката и фубалерот, по што таа му објави војна, велејки дека сето тоа е лага а фотографиите дека се фотошопирани. Секој ден скандалот се повеќе се разгорува а медиумите вчера објавија и дека Јелена Карлеуша ја напуштила Србија, веднаш по скандалот.
И во Македонија, темава е ин, па нашиот најголем шоумен реши да се пошегува на истата тема и на социјалната мрежа Инстаграм објави видео на кое ги коментира фотографиите.
„Ги разгледувам сликиве на Карлеуша и дефинитивно не е она… Она има три царски реза и бемка на незгодно место…“, саркастично коментира Игор.
Автор: Н.Ј.